Еве што е вклучено во е-прирачникот
Модулот #2: Проектирање дрвена кровна конструкција за станбен објект ги вклучува сите проектни пресметки за дрвените елементи на кровот + врски (според Еврокодот)
Зошто овој прирачник за проектирање дрвена кровна конструкција е различен од другите учебници?
Затоа што Ве учи како да проектирате конструктивен систем за покривот. Ќе научите како да пренесувате оптоварувања од еден елемент на следниот. Исто така, ќе научите како да ги проектирате сите елемент од кровот вклучувајќи ги и врските. Во вообичаените книги и учебници, обично се прикажуваат постапки како да проектирате греда или столб.

Затоа што секој концепт од конструкцијата е објаснет со 3D и 2D визуелизации. Прирачникот вклучува 95 слики.

Затоа што е кратка и лесна за разбирање. Нема елегантни зборови како во трудовите.

Причината зошто го создадов Проектирање дрвена кровна конструкција за станбен објект
Градежното конструкторство има еден голем недостаток во однос на другите дисциплини: Достапно е многу малку практично инженерско знаење - особено онлајн.
Дури и скапите учебници главно ја покриваат само теоријата за проектирање конструкции со помош на општи формули.
Спојлер: Не можете да проектирате една куќа само со теоретско знаење.
На факултет, главно се учи како да се проектираат поединечни конструктивни елементи, дрвена греда или армирано бетонски столб, со однапред дадени оптоварувања, напречен пресек и статички систем. Но, како всушност се доаѓа до овие оптоварувања? Како овие оптоварувања се пренесуваат низ објектот до столбот (т.е. трансфер на товари)? Зошто се одбира проста греда наместо греда со вклештени потпори?
Сето практично знаење е скриено во мозоците на искусните инженери и на серверите во инженерските фирми.
Токму овие проблеми се причината зошто во 2022 година го започнав Structural Basics, за моето практично конструкторско и инженерско знаење од реалните проекти да го направам достапно онлајн.
Откако објавив преку 100 блог постови и билтени, сфатив дека има уште толку многу работи што можам да ги објаснувам преку блог постови.
Моите блог постови и билтени сè уште не го пружаат она што го спомнав погоре (не се во вистинскиот формат): Подучување на системи за конструкции.
Под системи за конструкции подразбирам, на пример конструкции на покрив, магацин, станбена зграда или мост.
Затоа одлучив да ја напишам серијата прирачници Проектирање конструкција за станбен објект, за да го споделам моето практично инженерско знаење и искуство со Вас.
Со прирачникот Проектирање дрвена кровна конструкција за станбен објект, ќе разберете како работат конструктивните системи, затоа што ќе научите:








